Општински натпревар по математика 20.2.2021 год.

На општинскиот натпревар по математика кој што беше одржан онлајн од страна на сојуз на математичари на Македонија, учествуваа ученици од нашето училиште и петорица од нив постигнаа одлични резултати.Честитки за постигнатиот успех на учениците. 1. Силвана Карагошева од V одд. освои III место и ќе учествува

Прочитај повеќе

МЕСЕЦ НА НАУКАТА

На ден 17.11.2018 година во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје, се одржа манифестацијата „Ноември месец на наука 2018“ година, на која учество во натпреварувачкиот дел за експерименти од областа на хемијата и математиката зеде и нашето училиште. Нашите ученици покажаа голем успех во натпреварувањето

Прочитај повеќе

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 2.3.2019 година во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково учениците Матеј Киров од VI одд. и Софија Арнаудова од VIII одделение под менторство на наставникот по математика Љубица Велкова и Анастасија Дучева од V одд. под менторство

Прочитај повеќе

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ

Ученичката од IX одд. Слободанка Арнаудова освои признание на Меѓународниот натпревар по ликовно, под менторство на наставникот по ликовно образование Дејан Мачуков кој се здоби со признание за истото. Натпреварот беше организиран од страна на Корошката галерија на ликовни уметности во Градец, Словенија.

Прочитај повеќе

КЕНГУР 2019

На ден 21.03.2019 во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково се одржа меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“ на кој учествуваа ученици од I до IX одделение. Ученикот од VIII одделение Даниел Угарчев се здоби со прва награда, а поголем дел од учениците добија трета награда.

Прочитај повеќе

ЕЛТАМ-ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИ_К

На општинскиот натпревар по англиски јазик – ЕЛТАМ кој се одржа на 23.3.2019 год. во Струмица зедоа учество наши ученици, а ученичката Викторија Поп Тошева освои I место, под менторство на наставникот по англиски јазик –  Велика Караџова.

Прочитај повеќе

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

На Регионалниот натпревар по македонски јазик и литература кој се одржа на 6.4.2019 г. во Неготино, Ана Кристина Стамкова од 9 одд. го освои 3 место со 81 поен, под менторство на наставникот Петар Јанчев и успеа да се пласира на Државниот натпревар по македонски јазик и

Прочитај повеќе

РЕГИОНАЛНИ МУЗИЧКИ СМОТРИ

На 24.4.2019 година на регионалните музички смотри кои се одржаа во Гевгелија, нашите ученици освоија I место за училишен хор и I место за училишен оркестар, под менторство на наставникот по музичко образование Горан Лазаров.

Прочитај повеќе