На општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 2.3.2019 година во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ Стојаково учениците Матеј Киров од VI одд. и Софија Арнаудова од VIII одделение под менторство на наставникот по математика Љубица Велкова и Анастасија Дучева од V одд. под менторство на наставникот Марика Кајтазова се пласираа на регионален натпревар. На регионалниот натпревар по математика кој се одржа на 13.4.2019 год. во Валандово ученичката Анастасија Дучева од V одд. освои трета награда.