Основно училиште “Кирил и Методиј“ Стојаково

ООУ„Кирил и Методиј“, Стојаково е општинско основно училиште и се наоѓа во центарот на населеното место Стојаково, оддалечено на 5 км од општинскиот центар Богданци.

За училиштето

Образовниот процес во населеното место Стојаково датира многу одамна, од почетокот на 60- тите години од 19 век кога било отворено патријаршиско училиште и работело само во топлите месеци од годината, а наставата се одвивала во црковниот трем.

Во 1870 година отворено е првото народно училиште со околу 80 ученици. Во 80 – тите години од 19 век училиштето прераснало во про-гимназијално училиште во кое учеле и деца од околните населени места.