Химна на училиштето:

Домот наш е ова топло гнездо

Го сакаме и чуваме додека растеме

I

Св.Кирил и Методиј

Гордоста на нашите светители

Св.Кирил и Методиј

Славата на храбрите мислители

Реф:

Глас од дамнини негуваме

Старо свето писмо ние чуваме

Денес гордо празник славиме

Весел пој до небеса им праќаме

II

Св.Кирил и Методиј

Почитта на првите учители

Св.Кирил и Методиј

Вечноста на светите творители

Реф:

Глас од дамнини негуваме

Старо свето писмо ние чуваме

Денес гордо празник славиме

Весел пој до небеса им праќаме

ПИСМЕНОСТА И ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ

Цивилизациска вредност на секој човек е неговата јазична писменост и култура.

Во цивилизациското развивање на словенските народи еден маж „праведен и вистинољубив“ го овековечил гласот создавајќи 38 букви во име на просветата и светото писмо.

Летото господово 863 низ цариградските златни капии поминала една добро опремена мисија со намери ја да отвори светата книга на словенските народи, најмоќното оружје против судбината на заборавот.

Големиот философ и моќен оратор Константин – Кирил успеал во својата борба против тријазичноста и во 869 г. словенскиот јазик станува рамноправен со латинскиот, грчкиот и еврејскиот јазик.

Оддавајќи им големо признание на првите словенски просветители ги овековечуваме нивните имиња на портите на нашиот образовен храм.