На ден 17.11.2018 година во просториите на Природно – математичкиот факултет во Скопје, се одржа манифестацијата „Ноември месец на наука 2018“ година, на која учество во натпреварувачкиот дел за експерименти од областа на хемијата и математиката зеде и нашето училиште. Нашите ученици покажаа голем успех во натпреварувањето и ги постигнаа следните резултати: – I награда од областа на хемијата освои ученичката Илина Иванџикова, под менторство на наставникот Јованка Прошева, со експеримент на тема „Изработка на домашни индикатори“ – III награда од областа на математиката, освоија учениците Софија Арнаудова и Даниел Угарчев , под менторство на наставникот Стево Ѓоргиев, со експеримент на тема „Математичка позадина на трикови со карти“ – Успешно претставување имаше и ученичката Танкица Карамичева во областа на хемијата, под менторство на наставничката Јованка Прошева, со експеримент на тема “Модел на атом’ Им честитаме на учениците и наставниците за постигнатите резултати и им посакуваме успех во понатамошните натпреварувања.