Познато е дека редовната физичка активност има големо влијание на физичкото здравје, а во последните неколку години истражувањата покажуваат дека редовното вежбање исто така има влијае и врз менталното здравје. Речиси секој започнува да биде физички активен, најнапред поради придобивките за телото, но редовното вежбање има позитивни ефекти и врз умот.

Едноставно, нашиот ум влијае врз нашето тело и обратно. За да функционираат правилно умот и телото треба да се во хармонија. Телото речиси секогаш прво ги чувствува придобивките од физичката активност, што е навистина одлично.

Водејќи се од потребата младата единка да се стекне со здрави навики на живеење, со физичка, емотивна, интелектуаклна и социјална благосостојба наставата по предметот физичко и здравствено образование е еден од омилените. За негова актуализација секако придонесува и наставникот Томе Попов кој активно ги следи сите можности за вклучување на учениците во повеќе спортски активности за време на наставата, но и надвор од неа. Така, ООУ „Кирил и Методиј“ има соработка со Здружението планинарски спортски клуб „Кожуф“ Гевгелија.

За таа цел на 22.02.2019 год. претставници од Планинарски спортски клуб „Кожуф“ Гевгелија  одржаа предавање за учениците за планинарењето како најздрава физичка активност.