По повод настанот „Априлијада 2019“ организирана од општина Богданци учениците од I до IX одделение се претставија со групни маски. Настанот беше со натпреварувачки карактер на општинско ниво во кој земаа учество и останатите училишта од општината. За своите заслуги, учениците од I одделение освоија II место за својата групна маска „Дождовни облачиња“, а учениците од VI одделение освоија III место за групната маска „Професии“.