На ден 21  февруари  2019 година (четврток),  во период од 10:30  до 11:30 часот, по организирана акција за пошумување од страна на  Општина Богданци во соработка со Подружница ШС „Кожуф“ Гевгелија, учениците од ООУ ,,Кирил и Методиј“ с. Стојаково, пошумувањето го извршија на две локации во населеното  место Стојаково и на една во с. Селемлија.

Од организаторите за акцијата беа доделени 50 зимзелени дрвца од кои 35 беа засадени во дворот на детската градинка ПЕ „Коста Поп-Ристов“ во с. Стојаково, 12 во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“ с. Стојаково и 3 во дворот на ПЕ „Кирил и Методиј“ с. Селемлија.