Мото за оваа година:  ГРАДИМЕ МОСТОВИ, ЧЕКОРИМЕ НАПРЕД!

По повод одбележувањето на ДЕТСКАТА НЕДЕЛА 2018 година учениците на ООУ „Кирил и Методиј“, Стојаково, Општина Богданци, заедно со своите наставници и директорката Соња Србова, реализираа повеќе активности:

  1. На 1.10.2018 година (понеделник) на одделенски час се прочитани одредбите од Конвенцијата за правата на детето;
  2. На 3.10.2018 година (среда) учениците изработија тематски цртежи под мотото за 2018 година: „Градиме мостови, чекориме напред“!
  3. На 4.10.2018 година (четврток) учениците пишуваа пораки под мотото за 2018 година: „Градиме мостови, чекориме напред“!
  4. На 5.10.2018 година координаторот на детската организација, Савка Влахова, ги читаше стиховите од Ветување, првачињата ги повторуваа и за што добија марами, беџ и плакета.

Целта на оваа акција беше да се развие свеста на учениците за чиста средина за живеење и работење. Своето искуство можат да го споделат дома и на пошироката заедница. Со ова кај учениците се мотивира и поттикна ентузијазмот за чиста и здрава животна средина.