16 октомври се одбележува како Светски ден на храната. По овој повод, истражувајќи наидовме на поразителни информации. ДЕНЕС, бројот на недоволно ухранети лица е повторно во пораст. Повеќе од 820 милиони луѓе, или приближно еден од девет, се гладни. Неухранетоста е застапена кај едно од секои три лица и може да биде во форма на недостаток на витамини и минерали, застој во растот, прекумерно слабеење, прекумерна тежина и дебелина. Но денес не треба да размислуваме само за квантитетот на храната, туку и за нејзиниот квалитет. Денес нездравата исхрана е водечки фактор на ризик за многу заболувања. Си ги поставивме прашањата: Зошто се случува ова? Што треба да се смени?