Имаме право на среќно детство! -под заедничкото мото се изведоа програмските активности за Детската недела 2019. На 10 Октомври 2019 г. во нашето училиште се организира приемот на првачињата во Детската организација. Првачињата „на сиот глас“ го кажаа ветувањето дека: ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат задачите и ќе се дружат со другарчињата. Првачињата добија беџови и пасоши. „Мое е право да растам весело и здраво“ – ни кажа првачето Алек со насмевка и возбуда и со шарено балонче во рачето. Нека им е среќно и нека растат весело и здраво! -самостојни изработки по повод Детската недела – посетата на поштата во населеното место .