Учениците од IV одделение со многу ентузијазам и креативност се вклучија во активноста „Кодирање со Scratch “, каде направија свои мини-анимации и на забавен начин ги совладаа основите на програмирањето.
Во рамки на Европската недела на кодирање (EU Code Week), која има за цел да ја приближи информатиката и дигиталната писменост до сите млади луѓе во Европа, нашите ученици покажаа дека кодирањето може да биде и игра, логика и уметност во едно! ![]()
![]()
За нивната успешна работа и активно учество, секој ученик доби сертификат за учество во Code Week 2025.

