16 Октомври – Светскиот ден на храната, во нашето училиште, го одбележавме преку вкусна и едукативна активност. Учениците ја претставија македонската, италијанската и грчката кујна, промовирајќи ги традициите, вкусовите и културите што нè поврзуваат.🇲🇰🇮🇹🇬🇷

Голема благодарност до родителите кои несебично помогнаа во подготовката на храната и ја направија оваа активност уште побогата и повесела!

Заедно учиме дека храната не е само потреба – таа е вредност, култура и љубов што се споделува.